Дописници Наскоро репродуктивен центар за елени и арборетум во националниот парк „Галичица“

Наскоро репродуктивен центар за елени и арборетум во националниот парк „Галичица“

Почнати се почетните активности за изградба на репродуктивен центар на елени (на простор од 102 хектари) и арборетум (на простор од 2 хектари), и веќе е изработена Студија за активно управување со високо-планински пасишта и објавен тендер за изградба на арборетум.

Тоа беше соопштено на состанокот во седиштето на Националниот парк „Галичица“, на кој учествуваа Раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Никола Бертолини, преставници од УНДП и раководството националниот парк, заедно со претставници на Програмата за развој на Организацијата на Обединетите Нации (УНДП).

Целта на посетата беше запознавање со напредокот во спроведувањето на Проектот: „Подобрување на ефективноста во заштитата и управувањето со Националниот парк Галичица”, кој е дел од Програмата: „Подобрување на управувањето во заштитените подрачја“, финансирана од Европската Унија, а имплементирана од УНДП, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), како и информирање за тековните активности и идните планови на ЈУНПГ.

Исто така, Бертолини беше информиран дека ревизијата на долгорочната програма за мониторинг е веќе завршена и се очекува започнување со мониторинг на видови и живеалишта кон крајот на април и почеток на мај.