Свет Напаѓачот од Марсеј пуштен на слобода по два дена притвор

Напаѓачот од Марсеј пуштен на слобода по два дена притвор

Осомничениот за нападот во Марсеј, при кој беа убиени две лица, беше уапсен, а потоа ослободен, два дена по нападот, соопшти извор близок до полицијата.

Изворите наведуваат сека осомничениот, познат под осум различни имиња, запрен е во францускиот градот Лион, под сомневање дека извршил кривично дело кражба, а потоа е пуштен поради недостиг од докази.

Идентитетот на осомничениот и понатаму е целосно нејасен, додаваат полициските извори.

– Убиецот има осум различни идентитети. Секојпат кога бил запрен, тој давал други исправи. Поради тоа и било толку тешко. Во еден момент рекол дека е роден во Франција, а во друг дека е роден в Алжир – вели полицискиот извор.

Осомничениот уби војник, по што со нож усмрти и две жени на главната железничка станица во Марсеј. Властите го опишаа нападот како „терористички чин“, а веднаш потоа се огласи и Исламска држава, која ја презеде одговорноста за нападот.