Свет Напаѓач убил полицаец во судот во Бурса, а потоа се самоубил

Напаѓач убил полицаец во судот во Бурса, а потоа се самоубил

Неидентификуван напаѓач убил полицаец во судница во северозападната турската провинција Бурса, а потоа извршил самоубиство. Полицијата ја исклучува можноста за тероризам.

Претходно синоќа, светските агенции, повикувајќи се на турскиот весник „Хуријет“, пренесоа дека неидентификуваниот напаѓач во судницата во Бурса убил полицаец и ранил адвокат, а зел едно лице како заложник.

Агенцијата „Анадолија“, пак, јавува дека напаѓачот со пушка го убил полицаецот, по што се самоубил во судницата.