fbpx
Таг: судница

таг: судница

Тешките кривични дела во иднина ќе можат да се судат и во новата судница во затворот „Идризово“

Со поддршка на Европската Унија во рамките на ИПА акциската програма „Поддршка на Секторот Правда“, изградена е најголемата судница во државата во склоп на скопскиот затвор „Идризово“. Новиот дел од затворот се простира на 1.000 метри квадратни и има капацитет за вкупно околу 120 лица, информираат од Министерството за правда. Во посета на новата судница во „Идризово“ беа министерката за...

Снимката од „Поткуп“ се репризираше во судницата, завршни зборови на 15 мај

Деловите од снимката за наводните договарања од случајот „Поткуп“ на премиерот Зоран Заев кои беа објавени на „Јутјуб“ денеска беа пуштени во судницатa на Кривичниот суд, јави МКД. Судот констатираше дека постојат три прекини на снимката, а потоа го праша Заев дали е тоа неговата канцеларија. Обвинетиот премиер потврдно одговори и дополни дека снимката е нецелосна и на крајот е...

И „Шамарите во општина Центар“ одложено – единствениот систем за снимање зафатен за друго судење

Судењето за случајот со насилствата во Општина Центар во 2013 година, попознат како „Шамарите во Општина Центар“ денеска се одложи кратко по почетокот на денешното рочиште, бидејќи единствениот систем за снимање во Основен суд Скопје 1 бил резервиран уште пред еден месец за судењето за обидот за убиство на тогашниот министер за здравство, Никола Тодоров. Судијката Софија Лаличиќ го резервирала...

Напаѓач убил полицаец во судот во Бурса, а потоа се самоубил

Неидентификуван напаѓач убил полицаец во судница во северозападната турската провинција Бурса, а потоа извршил самоубиство. Полицијата ја исклучува можноста за тероризам. Претходно синоќа, светските агенции, повикувајќи се на турскиот весник „Хуријет“, пренесоа дека неидентификуваниот напаѓач во судницата во Бурса убил полицаец и ранил адвокат, а зел едно лице како заложник. Агенцијата „Анадолија“, пак, јавува дека напаѓачот со пушка го убил полицаецот,...

Давидовиќ: Снимањето во судница е скандал и доказ дека МВР и Чавков ги кршат законите

Ги снимаат демонстрантите, снимаат полициски акции, а сега влегоа и во судот да снимаат рочишта. Ова е скандалозно и е доказ дека МВР и министерот Митко Чавков не ги почитуваат законите и дека судот е на колена, вели за „Мета“ адвокатот Звонко Давидовиќ, запрашан за коментар за денешниот обид на тројца припадници на МВР да го снимаат рочиштетот од...

Денеска треба да продолжи судењето за „Диво Насеље“, рочиштето – неизвесно

Денеска во Кривичниот суд во Скопје, во 10 часот, треба да продолжи судењето за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, но неизвесно е дали ќе се одржи рочиштето бидејќи адвокатите на обвинетите бараат поголема судница. Претходното рочиште, на 2 март, беше одложено откако неколкумина адвокати ја напуштија судницата, со образложение дека судот не...

Одложено рочиштето за „Диво Насеље“, адвокатите се жалат на тесна судница

Судското рочиште за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, закажано за денеска, е одложено откако адвокатите на обвинетите реагираа до судот дека не се обезбедени услови за фер судење и дел од нив ја напуштија судницата. Прв судењето го напушти адвокатот Насер Рауфи, кој застапува осум обвинети. Тој пред судот образложи дека салата во...

Сведок во „Диво Насеље“: Полицијата бараше злато и дрога

На денешото рочиште од судењето за настаните од Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, пред судот искази дадоа тројца сведоци, предложени од обвинителството. Двајца од нив беа ќерката и сопругата на обвинетиот Фадиљ Фејзулаи, кој, според обвинителниот акт, им ја издал куќата на членовите на вооружената група. Ќерката, Артизана Фејзулаи, на прашања од обвинителите, рече дека утрото...

Продолжува судењето за „Диво Насеље“, искази треба да дадат сведоци на одбраната

Денеска во 10 часот во Основниот суд Скопје 1 продолжува судскиот процес против 29 обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. На денешното рочиште, според најавите, искази пред судот треба да даваат сведоци предложени од одбраната на обвинетите, кои се товарат за тероризам и за терористичка организација. На рочиштето што се одржа во...

Полицајците од Гошинце сведочеа за нападот на караулата на 21 април минатата година

На денешното рочиште од судењето за настаните во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, искази дале петмина сведоци на Обвинителството, четворица полицајци од караулата Гошинце и роднина на еден од обвинетите. Полицајците, како што пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на информации од официјални претставници на судот, раскажале дека биле нападнати од две групи, кои ги...

Кривичниот суд им се извини на новинарите

Основниот суд Скопје 1 попладнево преку соопштение им се извини на новинарите кои денеска сакаа, но поради немање соодветни услови не можеа да го следат судскиот процес за настаните од Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. Поради безбедносен ризик и ограничен капацитет на судницата во Кривичниот суд, во која имаше место само за четири-пет новинари, претставниците на...

Новинарите го бојкотираа рочиштето за „Диво Насеље“

На новинарите денеска им беше оневозможено, односно не им беа обезбедени соодветни услови за следење на рочиштето од судскиот процес за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. Од судот велат дека поради безбедносен ризик и ограничен капацитет на судницата, во неа има место само за четири-пет новинари. Претходните две рочишта се одржаа во големата сала...

Заев: Не сакам да се отфрли предметот, туку да се открие вистината

Денешното рочиште за случајот „Пуч“ повторно се одложи бидејќи во судницата не се појави обвинителот од Специјалното јавно обвинителство, кое пред десетина дена ја презеде надлежноста за овој предмет. Како што соопшти судијката Љубинка Башевска, денеска од Специјалното обвинителство пристигнало известување во кое бараат одложување на рочиштето бидејќи им било потребно повеќе време за разгледување и за проучување на доказите од списите...

Европскиот предлог за отстранување на бугарското вето е достапен и на македонски јазик на владиниот сајт

Владата на РСМ попладнево го објави и на македонски јазик европскиот предлог, изработен за време на француското претседателство со ЕУ, за отстранување на ветото од Бугарија за почетокот на...