Свет Нападот беше со ограничен обем и беше очекуван, вели сириски министер

Нападот беше со ограничен обем и беше очекуван, вели сириски министер

Сирискиот министер за информирање, Рамез Турџман, денеска изјави дека американскиот напад на сириската воена воздухопловна база во Хомс бил со „ограничен обем“ и дека не очекуваат понатамошна воена ескалација.

– Верувам дека нападот беше ограничен и временски и просторно и беше очекуван – рече Турџман во телефонска изјава за сириската државна телевизија.

Прашан дали ќе има одговор од Русија, Турџман рече дека Москва го осудила американскиот напад.

– Не очекувам да дојде до воена ескалација – додаде тој.