Свет Европа Нападнати полицајци пред парламентот на Тунис

Нападнати полицајци пред парламентот на Тунис

Маж вооружен со нож ранил двајца полицајци во близина на парламентот во Тунис. Напаѓачот е уапсен.

Како што соопшти туниското министерство за внатрешни работи, станува збор за осомничен исламист кој од претходно ѝ е познат на полицијата по своите радикалните ставови.

Едниот од повредените полицајци е ранет во вратот и е префрлен во болница, а другиот добил полесни повреди.