Свет Балкан Нападнат новинар на „Н1“ додека известувал од протестите во Белград

Нападнат новинар на „Н1“ додека известувал од протестите во Белград

„Почна да ми се внесува во лице, да ми се заканува, еднаш ме фати за десната рака и така неколку пати. Тој заминуваше и се враќаше. Овие последни 24 часа беа многу стресни за нас новинарите на терен, уморни сме. Бев малку ироничен и циничен кон него, но нема оправдување некој да се однесува вака“, изјави новинарот Саватовиќ

Фото: Н1

Новинарот на „Н1“ Младен Саватовиќ синоќа бил нападнат додека известувал од протестите во центарот на Белград.

„Ја чекавме последната врска во живо, кога студентите тргнаа кон 29 ноември. Стоевме кај зградата на Републичката изборна комисија, а во моментот кога чекав повторно да ме повикаат на линк, маж на околу 35-40 години ми пријде и почна да ми дофрла нешто неразбирливо, како „фокс, фокс“, раскажува тој.

Саватовиќ го прашал што му треба, а тој одговорил нешто поврзано со „Н1 БиХ“, на што новинарот одговорил дека не е од „Н1 БиХ“.

„Почна да ми се внесува во лице, да ми се заканува, еднаш ме фати за десната рака и така неколку пати. Тој заминуваше и се враќаше. Овие последни 24 часа беа многу стресни за нас новинарите на терен, уморни сме. Бев малку ироничен и циничен кон него, но нема оправдување некој да се однесува вака“, изјави Саватовиќ.