Свет Свет Напади во Кабул, талибанците ја презедоа одговорноста

Напади во Кабул, талибанците ја презедоа одговорноста

Повеќе десетици лица денеска се повредени во два бомбашки напади на седиште на полицијата и на разузнавачките служби во Кабул, соопштија авганистанските власти.

Одговорноста за експлозијата на автомобил бомба кај полициската станица и за самоубиствениот напад на центарот за разузнавачката служба ги презедоа талибанците.

Претставник на министерството за здравство соопшти дека едно лице загинало, а најмалку 35 се ранети и хоспитализирани.