Видео Напад во Ерусалим: Три лица ранети, напаѓачите ликвидирани

Напад во Ерусалим: Три лица ранети, напаѓачите ликвидирани

Тројца напаѓачи отвориле оган во близина на Ридот на храмовите во Ерусалим, ранувајќи тројца Израелци, од кои двајца се во критична состојба.

Обезбедувачите на локалитетот ги убиле напаѓачите, соопшти полицијата.

Како што соопшти Маген Дејвид Адом од израелската итна помош, двајца Израелци се борат за живот.

Израелската полиција соопшти дека поради нападот, муслиманската молитва која се одржува во петок нема да биде одржана во џамијата „Ал Акса“.