Свет Балкан Напад на полициска станица во предградие на Истанбул

Напад на полициска станица во предградие на Истанбул

Во преградие на Истанбул денеска е нападната полициска станица, а при нападот нема повредени лица, јавуваат турските медиуми.

Медиумите наведуваат дека нападот на зградата на полицијата го извршиле две жени.

Турската телевизија „Си-ен-ен Турк“ наведе дека напаѓачите останале заробени во зградата, додека весникот „Хуриет“ пренесува дека жените пукале од возило во движење, а потоа побегнале.