Македонија Намалување на бројот на туристи во јули

Намалување на бројот на туристи во јули

По минатогодишната рекордна сезона на гости, бројот на туристи и остварени ноќевања изминатово лето се намалува. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), бројот на туристите во јули 2019 година изнесувал 171.862, кои оствариле 682.854 ноќевања. Бројот на туристите во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, е намален за 2,5 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 0,7 отсто.

Кај домашните туристи има намалување за 3,6 отсто, додека кај бројот на
странските туристи е намален за 1,7 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, е намален за 1,4 отсто,
а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 0,5 отсто.

И покрај намалувањето во јули, вкупниот број на туристи во првите девет месеци од годинава бележи зголемување. Во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,1 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,9 отсто, а кај странските има зголемување за 2,3 отсто.

Во периодот јануари – јули 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевања е зголемен за 0,9 отсто, така што кај домашните туристи се бележи намалување од 0,2 отсто, а кај странските гости има зголемување за 2 отсто.