Свет Свет Најтопол Божиќ досега во САД

Најтопол Божиќ досега во САД

Рекордно висока температура за овој период во годината беше измерена овој катoлички Божиќ во САД. На повеќе локации во Северна Америка температурата беше 20 Целзиусови степени.

Во Њујорк беше измерена темература од 19 Целзиусови степени, највисока досега во историјата на овој град, уривајќи го претходниот рекорд од 17 Целзиусови степени, измерена во 1982 година.

Дури цвеќињата се збунети од времето – забележано е цветање на повеќе растенија на територијата на САД.

Рекордно висока температура за овој период се измерени и во делови од Канада, Азија и од Европа.

Оваа година е регистрирана како најтопла година на планетава досега, од почетокот на следењето на температурата во 1880 година.