Свет Свет Најмалку тројца загинати во пожар во солитер на Хаваи

Најмалку тројца загинати во пожар во солитер на Хаваи

Најмалку три лица загинаа во пожар во солитер во Хонолулу, на Хаваи.

Пожарот избил вчера попладнето по локално време, на 26. кат од солитерот „Марко Поло“. Огнот бргу се проширил на другите катови.

Полицијата стравува дека тоа не е конечен број на жртви. Во пожарот повредени се 16 луѓе. Околу 100 пожарникари го гаснеле огнот четири и пол часа.

Зградата има 36 ката и 568 станови, а била изградена во 1971 година.