Свет Најмалку шест загинати и 18 исчезнати во тајфунот што ги погоди Филипини

Најмалку шест загинати и 18 исчезнати во тајфунот што ги погоди Филипини

Најмалку шест лица загинале, а 18 се водат како исчезнати во силниот тајфун Нок Тен што завчера ги погоди Филипини, соопштиле властите во Манила, јавуваат светските медиуми.

Невремето, кое е ретка појава за ова време од годината, поминало низ пет филипнски провинции и стигнало во близина на главниот град, кој бил поштеден од бурата. Тајфунот со ослабен интензитет продолжил да се движи кон Јужното Кинеско Море.

Тајфунот Нок Тен во неделата првин ја погодил источната провинција Катандуан, каде ветерот достигнал брзина од 235 километри на час. Поради невремето, повеќе области останале без електрична енергија, биле евакуирани повеќе од 400.000 луѓе, а откажани се и 330 домашни и меѓународни летови.

Како што пренесуваат светските агенции, станува збор за најсилното невреме што ги погодило Филипините, по тајфунот Хаијан во 2014 година, кога загинаа или исчезнаа повеќе од 7.300 лица.