Свет Најмалку седум загинати во експлозија на гас во Мексико

Најмалку седум загинати во експлозија на гас во Мексико

Најмалку седум лица загинале, од кои четири деца, кога камион за доставување гас експлодирал во близина на детска болница во Мексико Сити, пренесуваат светските медиуми.

Од градските власти изјавиле дека во екслозијата уште најмалку 54 лица биле повредени, од кои 22 деца.

Официјални претставници оттаму навеле дека се стравува дека под рушевините на зградата има уште настрадани, но колкав е нивниот број засега не се знае.

Поголем дел од жртвите биле повредени од разлетаното стакло од ударот на експлозијата, која како што пренесуваат медиумите, оштетила речиси половина од зградата на болницата.