Свет Најмалку осум загинати во напад во Багдад

Најмалку осум загинати во напад во Багдад

Во експлозија на автомобил бомба на пазар во шиитски кварт во Багдад, загинаа најмалку осум лица, соопштија ирачките претставници.

Меѓу загинатите, двајца се полицајци, а во експлозијата се повредени 15 лица.

Засега никој не ја презел одговорноста, но нападот ги има обележјата на Исламска држава, која минатата недела изведе бомбашки напади во главниот град на Ирак, при што беа убиени речиси 100 лица.

Бројот на загинатите во последниот напад го потврдија и медицински извори, но полициските и здравствените претставници побарале да останат анонимни затоа што не се овластени да даваат изјави.