Свет Европа Најмалку двајца повредени при пукање во училиште во Франција

Најмалку двајца повредени при пукање во училиште во Франција

Вооружен тинејџер отвори оган во средно училиште во јужниот француски град Грас, при што најмалку две лица се повредени. Напаѓачот е уапсен.

Француските власти преку своја апликација и преку социјалните мрежи издадоа предупредување поради „инцидентот кој ја загрозува јавната безбедност“.

Иако претходно беше јавено дека станува збор за терористички напад, полицијата рече дека не станува збор за тоа.
Според последните информации, две лица добиле повреди при пукањето, а полицијата наведе дека напаѓачот бил вооружен со пушка, два пиштола и со две гранати.

Странските агенции јавуваат дека училиштето во кое е изведен нападот е блокирано, дека едно лице е уапсено, а едно е во бегство. Околината на училиштето е евакуирана.

Поради нападот, издадено е предупредување кое важи на територијата на целата држава.