Свет Европа Најмалку четири лица загинаа во невремето што ја погоди Централна Европа

Најмалку четири лица загинаа во невремето што ја погоди Централна Европа

Најмалку четири лица загинаа во невремето што денеска ги погоди централните делови на Европа. Невремето предизвика прекин на електричната енергија и на сообраќајот, соопштија припадниците на спасувачките служби.

Силниот ветер предизвикал застој на железничкиот и на патниот сообраќај на неколку патни правци во Чешка. Неколку реки на северот на земјата достигнале алармантно ниво на водата, а стотина илјади домаќинства останале без струја.

Во Полска, околу 200.000 домаќинства се без електрична енергија. Во Австрија, поради невремето е откажан слаломот во рамките на Светскиот куп на скијање, а во Германија поплавени се делови на Хамбург.