Свет Балкан Најмалку 50 лицa загинаа, а 100 се ранети во терористички напад на...

Најмалку 50 лицa загинаа, а 100 се ранети во терористички напад на свадба во Турција

Бомбаш-самоубиец се разнесе за време на свадба во градот Газиантеп во јужниот дел на Турција и притоа уби 50, а рани 100 лица, пренесуваат светските медиуми.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека, верува дека припадници на Исламска држава го извеле бомбашкиот напад чија што мета биле гости на свадба кои во знак на славење излегле низ улиците на градот. Според него, целта на овој напад е поделба меѓу етничките групи во Турција.

Гувернерот на Газиантеп, Али Јерликаја потврдил дека се работи за терористички напад.

Свадбената церемонија била на отворено, во центарот на градот каде што живеат најголем број на Курди.

Младенците била по потекло од Сирт каде што се водат борби меѓу припадниците на Работничката партија на Курдистан и силите на режимот, поради што венчавката ја организирале во друг град. Тие во нападот се ранети, но не се во животна опасност.

Градот Газиантеп се наоѓа во јужниот дел на Турција, во близина на границата со Сирија.