Свет Најмалку 58 загинати, меѓу кои и деца, во напад со отровен гас...

Најмалку 58 загинати, меѓу кои и деца, во напад со отровен гас во Сирија

Најмалку 58 лица загинале, меѓу кои и деца, во воздушен напад со отровен гас кој денеска бил извршен врз град во провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, соопштила сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, јавуваат светските агенции.

Според опсерваторијата, цивилите починале од задушување во градот Кан Шеикун, кој е под контрола на сириските бунтовници.

Сириската опсерваторија за човекови права нема информации за каков отровен гас станува збор, ниту за тоа кој го извел нападот.

Сириската опозиција денеска апелирала до Советот за безбедност на Обединетите нации да отвори итна истрага за нападот, за кој, како што навеле оттаму, одговорен е „криминалниот режим на претседателот Башар ал-Асад“.