Свет Најмалку 47 загинати во експлозија на пазар во Нигерија

Најмалку 47 загинати во експлозија на пазар во Нигерија

Најмалку 47 лица загинале во експлозија што денеска околу пладне одекнала на пазар во државата Борно, во североисточниот дел на Нигерија, јавуваат светските агенции.

Експлозијата се случила на сточниот пазар во градот Сабон Гари на југот на Борно, а покрај за загинати, агенциите јавуваат и за најмалку 52 повредени лица.

Според првичните информации, одговорна за нападот најверојатно е милитантната исламистичка организација Боко харам.