Подглавна секција Најмалку 272 лица загинаа во земјотресот во Еквадор, 2.500 повредени

Најмалку 272 лица загинаа во земјотресот во Еквадор, 2.500 повредени

Најмалку 272 лица загинале, а повеќе од 2.500 се повредени во силниот земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што го погоди Еквадор, јави „Си-Ен-Ен“.

Спасувачите се обидуваат да дојдат до преживеаните лица кои сè уште се затрупани под урнатините, пренесува агенцијата АП.

Повеќе од 10.000 војници се испратени во загрозените подрачја и тие ќе учествуваат во акциите за спасување, а 3.500 полицајци се испратени во градот Миусне, кој е најтешко погоден од земјотресот, јавуваат локалните медиуми.

Вонредна ситуација е прогласена во шест провинции.