Свет Балкан Најмалку 22 од жртвите во нападот во Газиантеп се помлади од 14...

Најмалку 22 од жртвите во нападот во Газиантеп се помлади од 14 години

Најмалку 22 од жртвите на нападот на свадба во турскиот град Газиантеп биле помлади од 14 години, соопштија официјални лица.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека бомбашот самоубиец бил дете на возраст меѓу 12 и 14 години.

Според првичните информации за нападот во кој загинаа 51 лице е одговорна Исламска држава.