Свет Европа Најмалку 21 загинат и 18 повредени во автобуска несреќа во Венеција

Најмалку 21 загинат и 18 повредени во автобуска несреќа во Венеција

Автобусот паднал од височина од неколку метри, близу до пруга

Архивска фотографија. Извор: МВР на РСМ

Најмалку 21 лице загина и 18 се повредени во страотна автобуска несреќа што се случи вчеравечер во Венеција. Автобус со странски туристи, вклучително и Украинци паднал од издигната улица на другиот крај од лагуната од историскиот центар на Венеција, јави новинската агенција Асошиејтид Прес.

Извлекувањето на загинатите и повредените од автобусот, кој се запалил веднаш по паѓањето, се одвивало цела ноќ. Потврдено е дека петмина од загинатите се Украинци.

Автобусот паднал од височина од неколку метри, близу до пруга.