Свет Најмалку 18 загинати во бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 18 загинати во бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 18 луѓе загинале, а повеќе од 50 се повредени, во експлозија на бомба на пазар во градот Парашинар, во северозападната племенска зона Курам во Пакистан, јавуваат светските агенции.

Помошниот управник на областа, Шахид Кан, изјавил дека експлозијата одекнала додека пазарот бил полн со луѓе, додавајќи дека засега никој не ја презел одговорноста за нападот.

Лекар во главната болница во Парашинар рекол дека неколкумина од ранетите се во тешка состојба и се пренесуваат во други болници поради подобра нега.

Парашинар е главен град на племенската зона Курам, каде во последните неколку години е зголемена активноста на екстремистичките групи, и покрај големите операции на пакистанската војска.

Нападот се случил во област со претежно шиитско население, кое е малцинство во Пакистан.