Свет Најмалку 15 лица загинаа а повеќе од 40 се повредени во црква...

Најмалку 15 лица загинаа а повеќе од 40 се повредени во црква во Египет

Најмалку 15 луѓе ги загубиле животите а над 40 се тешко повредени во експлозија во Коптската православна црква „Свети Ѓорѓи“ во Танта, Египет.

Гратчето е близу Каиро, а коптските правослани христијани сочинуваат околу 10 отсто од 85 милионското население на Египет, потсетува египетската телевизија „Ал Арабија“. Телевизијата известува дека уште не се знае причината за експлозијата и потсетува дека Коптите со векови живеат мирно покрај своите соседи муслимани.