Македонија Најмалку 14 мигранти загинале во несреќа на пругата Велес – Скопје

Најмалку 14 мигранти загинале во несреќа на пругата Велес – Скопје

Најмалку 14 илегални мигранти загинале откако синоќа во нив удрил воз на пругата Велес – Скопје, пренесуваат медиумите.

Трагедијата, според првичните информации, се случила во близина на стојалиштето Пчиња, кога меѓународен воз налетал на 50-члена група што се движела во правец кон Белград.

Како што пренесува „24 Вести“, теренот каде се случила несреќата бил непристапен и спасувачките екипи и полицијата таму пристигнале со шинско возило.