Свет Свет Најмалку 10 загинати и 60 повредени во експлозија на Филипини

Најмалку 10 загинати и 60 повредени во експлозија на Филипини

Силна експлозија се случи во градот Давао на Филипини, а официјални лица потврдија дека има и настрадани.

„Најмалку 10 лица загинаа, а 60 се повредени,“ изјави портпаролот на претседателот, Ернесто Абеља.

Сè уште нема информации од што била предизвикана експлозијата.