Економија Најавена дигитализација на Царинската управа на 27-годишнината од постоењето

Најавена дигитализација на Царинската управа на 27-годишнината од постоењето

Фото: Борче Поповски

Царинската служба ја одбележа 27-годишнината од нејзиното постоење со традиционалната свечена церемонија во Националната филхармонија на која  присуствуваа високи претставници на Владата, претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата и други соработници на Царинската управа.

Владата вети дека се продолжи со поддршка и промовирање на сите соодветни инструменти, иницијативи и алатки за развој на Царинската управа, преку дигитализација, автоматизација, без-хартиено работење и градење на капацитети.

„Годинава, Царинската управа посвети повеќе внимание на најзначајниот и најкомплексниот развоен проект наречен Дигитална царина и ако лани најавивме дигитализација, оваа година не очекува реализација. Изминатата година Царинската управа започна ново поглавје во своето работење, со финализирањето и развојот на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи кој ќе го замени досегашниот систем АСИКУДА. Со тоа, сите царински постапки што досега се реализираа на хартија ќе бидат заменети со електронски постапки“, рече директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски

Царинската управа лани остварила приход од  1,43 милијарди евра, што е за 87 милиони евра повеќеод 2017 година, цариниците имале многубројни заплени меѓу кои заплена на над еден тон дрога, усогласување на царинското законодавство со ЕУ, остварени бројни состаноци со бизнис-заедницата и реализирани проекти.