Подглавна секција Над 40 проценти од светското население во карантин

Над 40 проценти од светското население во карантин

Фото: Center for Disease Control - USA

Над 3,38 милијарди луѓе во речиси 80 земји и територии се во состојба на домашен карантин, по наредби или препораки од властите, како мерка за справување со ширење на новиот корона вирус, јави АФП. Тоа се околу 43 отсто од светското население, кое според податоците на ООН од годинава изнесува 7,79 милијарди.

И најголемата земја на светот, Русија, ги затвори државните граници, а во Москва е воведен строг карантин. Откако изминатиов викенд московјани не ги почитуваа препораките за седење дома, утрово градоначалникот Сергеј Собјанин, објави строг карантин, со дозвола за излегување поради потреба од медицинска нега, одење на работа или пазарување во најблиските продавници.