Победник на вчерашните претседателски избори во Тајван е Лаи Чинг-те. Неговиот мандат ќе е трет последователен за Демократската прогресивна партија (ДПП), која се залага за сувереноста на Тајван, известува Гардијан.
Се смета дека резултатот на изборите ќе доведат до повеќе тензија меѓу Тајван и Кина, која се залага за анексија на Тајван. Се очекува да се зголемат тензиите меѓу двете земји, особено како што ќе се ближи инаугурацијата на Лаи, која Кина го има наречено „бељаџија“.
Лаи сепак избегнува директно да го поддржи формалното прогласување на независност на Тајван. Наместо тоа, тој редовно изјавува дека Тајван е веќе суверена држава.
ДПП се претставува како партија на внимателен отпор. Избегнува провокации, но ги гради своите одбранбени сили и ги зајакнува меѓународните односи, особено со САД и нивните сојузници.
Аманда Хсиао, експерт за регионот која во невладината организација Global Crisis Group, вели оти може да се очекува построги санкции од Кина кон Тајван во тековниот период.
Лаи изјави дека неговата победа е победа за заедницата на демократски земји во светот. Ги поздрави гласачите кои успешно ги избегнале надворешните притисоци од Кина.
Сепак, ДПП, партијата на Лаи, не освои најмногу гласови на парламентарните избори, кои истовремено се одржаа. Ниеден кандидат не освои мнозинство од гласовите на изборите, во голема мера поради тоа што на изборите се кандидарше популарен кандидат од трета партија.