Македонија На собраниска комисија ќе расправа за одземање на мандатот на Груевски

На собраниска комисија ќе расправа за одземање на мандатот на Груевски

За денеска во 11 часот e закажана седницата на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, кој повеќе од 6 месеци е неоправдано отсутен од собраниските обврски.

Доколку предлогот за одземање на мандатот биде усвоен на комисијата, ќе биде испратен за одлучување на пленарна седница. За одземање на мандат на пратеник потребно е двотретинско мнозинство, односно треба да гласаат 80 пратеници.

Груевски повеќе од половина година е во Будимпешта, Унгарија, откако избега за да не ја одлежи двегодишната казна затвор за случајот „Тенк“.