Свет Балкан На протестите во Косово повредени 23 лица

На протестите во Косово повредени 23 лица

На протестите во Приштина повредени се 23, а приведени се 20 лица, изјави портпаролот на косовската полиција, Баки Кељани.

Неколку илјади граѓани учествуваа на маршот од зградата на владата до собранието на Косово за да го искажат своето незадоволство од положбата на металуршкиот комбинат „Трпеча“ и побарале оставки на министрите Александар Јаблановиќ и Хашим Тачи.

Дел од учесниците во протестот фрлале со камења кон зградата на владата на Косово, како и кон припадниците на косовската полиција. Полицијата регирала со солзавец откако демострантите почнале да ги демолираат и околните кафулиња и ресторани.