Македонија На граѓаните најпотребни им се средства за чистење, дезинфекција и лекови

На граѓаните најпотребни им се средства за чистење, дезинфекција и лекови

Волонтерите организирани преку групата „Хуманитарна помош за настраданите во поплавите во Скопје“ и денеска на пунктовите во „Сити мол“ и кај „Веро центар“ собираат донации од граѓаните за лицата кои беа погодени од поплавите.

Како што велат волонтерите, моментално најпотребни се средства за чистење и дезинфекција.

„Покрај храна и вода кои се најосновните работи, веќе имаме потреба од средства за чистење и дезинфекција. Исто така потребни се и лекови за стомачни вируси и на одредени места се потребни лекови за срце и хронични заболувања“ велат активистите.

Исто така, тие велат дека сите граѓани кои сакаат да помогнат, без оглед дали имаат опрема можат да одат во еден од двата пункта, па оттаму заедно ќе се организираат како да се стигне до граѓаните кои живеат во подрачјата кои беа зафатени од поплавите.