Македонија На Боки 13 и Зоки Кичеец им е продолжен притворот за нови...

На Боки 13 и Зоки Кичеец им е продолжен притворот за нови 30 дена

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје постапувајќи го предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција им го продолжи притворот за нови 30 дена на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец.

„По разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена“, се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд – Скопје.

Бојан Јованоски и Зоран Милески беа уапсени на 15 јули годинава. Во предметот „Рекет“ тие се сомничат дека сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Боки 13 се сомничи и за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.