Македонија На 5 ноември Македонија ќе добие условена препорака од ЕК?

На 5 ноември Македонија ќе добие условена препорака од ЕК?

На 5 ноември Европската комиисија (ЕК) ќе ги објави извештаите за напредок на земјите од Западен Балкан и за Турција, а Македонија, според изворите на кои се повикува порталот „Нова ТВ“, ќе добие условена препорака за почетокот на преговорите за членство во Европската унија (ЕУ).

Како што пишува порталот, условот ќе биде спроведувањето на Договорот од Пржино, а можно е ЕК да направи и нов извештај посветен на Договорот во првата половина на 2016 година.

Доколку Македонија навистина добие условена препорака, тоа би било преседан, односно прв таков случај во историјата на проширувањето на Европската унија.