Македонија МЗ: Смртноста од ковид-19 кај невакцинираните е драстично поголема

МЗ: Смртноста од ковид-19 кај невакцинираните е драстично поголема

Фото: Мета.мк

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани лица, од позитивни случаи со ковид-19, во период од 6 август заклучно со 23 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

„Во период од 06 август до 23 декември, на територија на државата 66.857 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид-19. Од нив 33 отсто биле целосно вакцинирани, односно 21.806 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле. Според статистика за изминативе недели, 45.051 граѓани, односно 67 отсто од позитивните, не биле вакцинирани – соопштуваат во министерството.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 85 отсто, додека само 15 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема. Во периодот од 06 август до 23 декември, на територија на државата починале 2.362 лица.

„1.850 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21 отсто примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон“, велат оттаму.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна.

„Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2“, додаваат во министерството.