Здравје МЗ: Ревакцинирани се 46 отсто од полнолетните граѓани во земјава

МЗ: Ревакцинирани се 46 отсто од полнолетните граѓани во земјава

Фото: Мета.мк

Во текот на вчерашниот ден дадени се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се прва доза, а 1.286 се ревакцини. Трета доза примиле 1.068 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со 20 октомври вкупно се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани. 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години.

Според бројот на дадени вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја се вакцинирани, а 35 отсто од популацијата примиле две дози вакцина.