Галерија Монтажна амбуланта на Детска клиника заради спречување на ширењето на корона вирусот

Монтажна амбуланта на Детска клиника заради спречување на ширењето на корона вирусот

Поставена е монтажна општа амбуланта во состав на Универзитетската клиника за детски болести, чија цел е да се спречи евентуално ширење на Ковид-19 кај најмладите пациенти, соопшти Министерството за здравство, напоменувајќи дека амбулантата е поставена како дел од активностите за враќање на редовното работење на некои клиники.

Во оваа монтажна амбуланта ќе се прегледуваат сите деца кои не се закажани преку електронскиот систем МојТермин, а кои досега беа прегледувани во амбулантите во зградата на Детската клиника. Со новата амбуланта ќе се постигне да не доаѓаат во допир пациентите со закажан термин и оние кои доаѓаат на преглед.

Во новопоставената монтажна општа амбуланта има соба за интервенции, соба за преглед на пациенти, сестринска соба, тоалет, шалтер и чекална за пациентите.
Објектот е комплетно климатизиран и ќе функционира согласно сите стандарди за безбеден третман на пациентите. Монтажната амбуланта на Детската клиника е донација од Македонски Телеком.

Од Клиниката за детски болести напоменуваат дека децата кои се сомнителни или се со симптоми на Ковид-19 и понатаму ќе се прегледуваат и хоспитализираат во Болницата за белодробни заболувања Козле и на Инфективната клиника.