Свет Европа Тројца од петмината убиени терористи во Камбрилс се идентификувани

Тројца од петмината убиени терористи во Камбрилс се идентификувани

Шпанската полиција потврди дека телата на тројца од петмина убиени терористи во Камбрилс се идентификувани, а во тек е потрага по возачот на комбето кој уби 14, а 100 лица беа повредени во Барселона.

Шпанската полиција и безбедносните служби почнале потрага по преостанатите членови на терористичката организација која ја сочинуваат државјани на Мароко, поради стравувања дека се подготвуваат нови напади на познати туристички места.

Според припадници на безбедносните сили, нападите во Барселона и Камбрилс биле организирани од терористичка група во која биле најмалку 12 лица, а кои биле поттикнати од нападите во Лондон.

Терористите во Камбрилс повредија петмина граѓани и еден полицаец.