Главна секција Могерини ќе поднесе извештај за посетата на Западен Балкан

Могерини ќе поднесе извештај за посетата на Западен Балкан

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, денеска ќе ги брифира шефовите на дипломатија на ЕУ за минатонеделната посета на Западен Балкан, во рамки на која престојуваше во Црна Гора, Македонија, Србија, Косово, Албанија и во Босна и Херцеговина.

За време на посетата, Могерини ја пренесе пораката дека ЕУ е посветена на интеграцијата на Западен Балкан, дека вратата на ЕУ е отворена за сите држави, но дека регионалната соработка и добрососедските односи во тој контекст и понатаму се од пресудно значење.

Зголемените тензии на Западен Балкан ќе бидат тема на разговорите и на челниците на ЕУ на 9 и на 10 март во Брисел.