Македонија МНР: Нема информации за повредени македонски граѓани во Италија

МНР: Нема информации за повредени македонски граѓани во Италија

Министерството за надворешни работи денеска информираше дека нема податоци за повредени македонски граѓани во земјотресот што утринава се случи во Италија.

„Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги известува сите заинтересирани дека за прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, можат да се обратат на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим, Италијанска Република, како и во Министерството за надворешни работи“, пишува во соопштението на МНР.

Во Амбасада на Република Македонија во Рим, како што известуваат од МНР, може да се контактира и да се побараат информации од Емилија Николовска
(мобилен телефон: 00393889050310) и со Семра Рамадани Алими (мобилен телефон:00393485273136).