Македонија Мицкоски побара вонредни парламентарни избори заедно со претседателските

Мицкоски побара вонредни парламентарни избори заедно со претседателските

Во првата изјава по усвојувањето на измените на Уставот во Собранието со 81 глас „за“, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побара распуштање на Собранието и одржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателските избори.

Мицкоски рече дека не ја поддржува промената на Уставот за промена на уставното име и дека со договорот од Преспа се нанесува огромна штета и неправда.

– ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш распуштање на парламентот и одржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателските избори, според законските прописи, и врз основа на минатото искуство, и на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи – рече Мицкоски.