Македонија Мицкоски на Нимиц му кажал дека некои случувања во Грција одмагаат во...

Мицкоски на Нимиц му кажал дека некои случувања во Грција одмагаат во процесот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба на посредникот во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, му го презентирал ставот на партијата дека разговорите треба да продолжат да се водат во рамката утврдена од Обединетите нации, почитувајќи ги документите и принципите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено бил повторен и познатиот став на партијата дека решението за име треба да ги запазува државните и националните интереси и да не го загрозува националниот идентитет на Македонците.

Мицкоски посочил и дека „одредени чекори во грчкото општество иритираат и поттикнуваат негативни чувства кон Република Македонија и истите не се од помош на целокупниот процес“.