Подглавна секција Мишел за масакрот во болницата во Газа: Нападите на цивилна инфраструктура се...

Мишел за масакрот во болницата во Газа: Нападите на цивилна инфраструктура се косат со меѓународното право

„Информацијата ја добивме додека бевме на виртуелниот состанок со лидерите. Нападот, според сѐ, е потврден“, рече тој без да посочи виновник

Фото: Мета.мк

Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет по експлозијата во болницата во Газа во која загинаа најмалку 500 луѓе порача дека нападите на цивилна инфраструктура се против меѓународното право.

Израел беше обвинет од голем број фактори од меѓународното заедница за експлозијата во болницата, но премиерот Нетанјаху и израелската армија вчерашниот масакр го припишаа на Хамас, велејќи дека станува збор за погрешно испукана ракета од страна на милитантите.

„Информацијата ја добивме додека бевме на виртуелниот состанок со лидерите. Нападот, според сѐ, е потврден“, рече тој без да посочи виновник.

На видео конференција, лидерите на ЕУ вчера се договараа за ставот на Унијата за конфликтот Израел – Хамас.

Меѓународната заедница го осуди нападот врз болницата во Газа