Свет Балкан Мирно завршија протестите во Бања Лука

Мирно завршија протестите во Бања Лука

Мирно и без инциденти завршија двата протести што денеска се одржаа во Бања Лука.

Под мотото „Да ја ослободиме Српска“, опозицијата ги повика граѓаните да го искажат незадоволство од актуелната политичка и економска состојба и ги обвинија властите во Бања Лука дека се корумпирани и дека се главни виновници за високата невработеност.

За време на протестите, не беше дозволено движење на демонстрантите поради можност од судири.

Протестите на власта и на опозицијата почнаа точно напладне.

Приврзаниците на опозицијата, предводени од Српската демократска партија, се собраа во градскиот парк во Бања Лука, а на оддалеченост од еден километар, на плоштадот Краина, во центарот на градот, беа поддржувачите на власта.

Двата протеста беа одвоени со тампон-зона долга 1,5 километар, а митингот беше обезбедуван од речиси 2.000 полицајци.