Свет Милитантите во Либија презеле контрола врз три населени места

Милитантите во Либија презеле контрола врз три населени места

Во западниот град Мисрата во Либија, милитантите ја презеле контролата врз три населени места јужно од градот, вклучувајќи ја и областа Абу Граин, соопшти претставник на либиска милитантна група.

Тој додаде дека воените авиони извршиле напад врз силите на ИД додека тие се повлекувале од позициите.

Во нападите се убиени шест припадници на милитантните групи, а 17 се ранети.