Свет Балкан Мигрант ранет со огнено оружје во близина на селото Хоргош, на српско-унгарската...

Мигрант ранет со огнено оружје во близина на селото Хоргош, на српско-унгарската граница

Непознато лице на 29 ноември пукало во група мигранти во близина на селото Хоргош, на српско-унгарската граница. Во инцидентот еден од мигрантите биле ранет, потврдиле за телевизијата Н1 од српското министерство за внатрешни работи.

Како што информирале оттаму, мигрантот бил ранет со куршум од мал калибар и кај него лекарите констатирале полесни повреди. Полицијата го истражува случајот, а било известено и надлежното обвинителство.

Информацијата за инцидентот е објавена дури денеска од страна на порталите во Унгарија, кои, како што пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“, навеле дека српските власти „одредиле ембарго“ за објавување информации за случајот.

Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, непознато лице пукало врз тројца мигранти од Иран додека тие се движеле од бегалскиот камп кон блиската бензинска пумпа. Во инцидентот биле ранет 36-годишен маж, а мигрантите забележале три лица како бегаат од надвозникот во близина.

Унгарската телевизија навела дека не се исклучува можноста нападот да бил извршен од шверцери на мигранти.