Македонија Мицкоски: И покрај сите притисоци ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска ќе победат

Мицкоски: И покрај сите притисоци ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска ќе победат

И покрај сите злоупотреби и покрај сите тие притисоци, и покрај сето она што се случуваше изминативе денови и посебно полициската опсада која што беше реалност во Охрид и Ново Село изминативе неколку денови, ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска – Давкова ќе победат денеска. И Македонија денеска ќе добие првата жена за претседател.

Со таква порака до јавноста се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако гласаше во наслебата Влае.

Тој рече дека денешниот ден „навистина претставува еден свечен ден и покрај сите неправилности и нерегуларности“.

– Очигледно дека карактерот на властодршците на Зоран Заев не мируваат и сакаат на насилен пат да се избере претседател на Република Македонија. Имаме неколку случаи во Источна Македонија и истите денеска ВМРО-ДПМНЕ преку прес конференција им соопшти на јавноста во Република Македонија – рече Мицкоски.