Македонија Мицкоски не гледа причина зошто да се сретне со германскиот пратеник Михаел...

Мицкоски не гледа причина зошто да се сретне со германскиот пратеник Михаел Рот

За време на вчерашната посета на Скопје, Михаил Рот се сретна со пратеници, парламентарниот спикер Џафери, премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи Османи, беше и на настан организиран за унапредување на улогата на парламентите на Западен Балкан во Берлинскиот процес, но немаше средба со Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција, 06.07.2022 г. | Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Откако германскиот пратеник и претседавач со Комитетот за надворешна политика на Бундестагот Михаил Рот не се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска опозицискиот лидер изјави дека никаде не пишувало оти треба да се сретне со сите што доаѓаат во земјава.

„А зошто да имам средба со Рот? Каде пишува дека морам да имам средба? Мојата информација е дека Рот беше тука поканет од невладина организација која одржуваше некаква конференција. Секој гостин кој што е добронамерен и кој што побарал средба со мене, ја добил или сме ја презакажале. Овој господин не побарал средба и очигледно не чувствувал потреба да се види“, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

За време на вчерашната посета на Скопје, Михаил Рот се сретна со пратеници, парламентарниот спикер Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, беше и на настан организиран за унапредување на улогата на парламентите на Западен Балкан во Берлинскиот процес, но Рот немаше средба со Христијан Мицкоски.

Инаку, Михаел Рот при вчерашната посета им порача на пратениците во Собранието на РСМ да ги изгласаат уставните измени, бидејќи граѓаните се нетрпеливи земјата да го продолжи патот кон ЕУ. Германскиот пратеник додаде дека евроинтеграцијата не е само од интерес на земјава, туку и на ЕУ.

3 Коментари

Comments are closed.